Понеделник, 20.11.2017, 17:58:32
Добродојдовте во Ерџелија
Почетна Регистрација Пријави се
Добредојде, Гост · RSS
Мапа на страната
Пријави се
Radio STIP
Listen Macedonia Radio Stip Radio Online
За корисниците
Денес не посетија: Вкупно регистрирани корисници: 22
Денеска: 0
Вчера: 0
Последните 7 дена: 0
Последните 30 дена: 0
бројач на посети
free counters
Статистика

Вкупно на линија: 1
Гости: 1
Корисници: 0
 Спорт
   „Долга и интересна е спортската традиција во селото Ерџелија, која, спрема кажувањето на постарите жители, датира уште од времето на 1926 година. Тоа во почетокот било игра со топка, најчесто од чорап и други крпи, која подоцна била заменета со гумена, а најпосле со кожена. Инаку, народните спортски игри (фрлање на камен, скокање трупечки и сл.) постоеле уште многу одамна, но не дава можност да се зборува за некој организиран спортски живот.
   Натпреварите што биле организирани пред Втората светска војна главно имале политичка содржина, бидејќи служеле за собирање на напредната и револуционерна младина, па затоа биле често и забранувани. Ерџеличани во тој период одиграле повеќе пријателски натпревари со младите од околните села, но резултати и точниот број на натпревари не се регистрирани.
   По ослободувањето, 1945 година е формиран првиот фудбалски клуб во Ерџелија кој го добил името „Овче Поле". Неговите членови биле младинци од селото кои се натпреварувале на државните и верските празници со младите од околните села. Во 1953 година клубот го менува името во „Младост" и оттогаш започнува онаа, светлата страна на спортот во Ерџелија. За прв пат беа набавени дресови, почнаа да се играат натпревари надвор од општината. Противници беа и такви реномирани екипи како што се Рудар од Пробиштип, Локомотива од Гратско, Извор и други.
   Во 1963 година „Младост" го освојува првото место во Општинската фудбалска лига и се здоби со право да игра на квалификации за влегување во Штипскиот потсојуз. Противник беше штипски Работник. Без тренер и услови за работа и покрај големата желба, играчите на „Младост" не успеаја да победат и да влезат во Штипскиот потсојуз - понатаму отиде Работник.
   Она што не им успеа 1963 го остварија 1964 година, кога ги совладаа сите свои противници и станаа член на Штипскиот потсојуз. Наскоро ќе го промени името во „ЗИК" и истото ќе го задржи до денес. (Ова се податоци од 1981 година).
   Како член на Штипскиот потсојуз „Младост", а подоцна „ЗИК" играше со променлив успех. Многупати излегуваше и повторно се враќаше, многу пати успеваше да опстане, да поразува пореномирани противници. Иако играа променливо неговите играчи поради својата фер и коректна игра станаа миленици на сите терени каде што гостуваа.
   Екипата истовремено стана и расадник на квалитетни фудбалери кои подоцна заминаа во други средини од повисок ранг на натпреварување. Први на овој список се Ангел Димитров и Санде Гигов, а по нивните стапки тргнаа Рисафов, Штериев, Богоев, Харизанов, Глигоров.
   Забележителни успеси „ЗИК" има и во натпреварите за купот на маршалот Тито. Најголемиот, секако, го постигнаа минатата, 1980 година, кога ги победи сите противници и стана победник на Купот на општината Свети Николе.
   Оваа година „ЗИК" се натпреварува во Северната група на Општинската фудбалска лига и го завзема првото место, со одлични изгледи до година повторно да игра во Источната регионална лига.
   Фудбалот е спорт број еден, но тоа не значи дека се запоставени останатите спортови. Младите од месната заедница Ерџелија се познати по својата сестраност на спортско поле. Тие се и една од најуспешните екипи - учеснички во Илинденските спортски игри за село кои подоцна прераснаа во Републички. Секоја година (од 1972) Ерџелија ја представува со успех нашата Општина во овие игри. При тоа се освоени повеќе први места, а особено беа упадливи нивните настапи во одбојка (жени), мал фудбал, атлетика и борење.
   За постигнатите резултати на спортско поле и натамошното развивање на спортот клубовите и месната заедница Ерџелија имаат добиено повеќе признанија и награди. Последното е: Диплома за најуспешна месна заедница во 1980 година во развивањето на спортските активности на село - според изборот што го направија спортските новинари на Свети Николе."
   НАПОМЕНА: Целиот текст е превземан од монографијата - Ерџелија, која е издадена 1981 година.
Copyright MyCorp © 2017
Барај
главен спонзор
Reklamne jelkice za kola
рекламен простор
рекламен простор
последни измени
  • 09.04.2010 Спорт
  • 09.04.2010 Културен живот
  • 17.04.2010 Ерџелија денес
  • 23.04.2010 Статии и линкови
  • 23.04.2010 Фото албум
  • Наша анкета
    Оценете ја нашата страна

    Вкупно одговори: 20
    Make a free website with uCoz