Четврток, 25.04.2024, 01:10:58
Добродојдовте во Ерџелија
Почетна Регистрација Пријави се
Добредојде, Гост · RSS
Мапа на страната
Пријави се
Radio STIP
Listen Macedonia Radio Stip Radio Online
За корисниците
Денес не посетија: Вкупно регистрирани корисници: 23
Денеска: 0
Вчера: 0
Последните 7 дена: 0
Последните 30 дена: 0
бројач на посети
free counters
Статистика

Вкупно на линија: 1
Гости: 1
Корисници: 0
 Ерџелија денес
 
   Ерџелија е најголемото населено место во општина Свети Николе. Во Ерџелија според пописот од 2002 година живеат 1012 жители во околу 400 домакинства. Како што може да се види од дадените податоци, во 2002 година имаме најмал број на жители во последните 30 години, што е резултат на намалениот природен прираст, а исто така и миграцијата село-град која го зафаќа и нашето место како и сите останати.

Попис година
1971
1981
1994
2002
Број на жители во Ерџелија
1.041
1.079
1.047
1.012


   
Следниот текст е превземан од монографијата - Ерџелија, која е издадена 1981 година.

   Брзата социјалистичка преобразба на селото и земјоделието, добрата местоположба, поврзаноста со општинскиот центар Свети Николе и другите градови од Републиката и низа други околности, придонесоа Ерџелија денес да биде значаен фактор во целокупниот општествено-политички, стопански, образовен и културен живот во општината и да бележи несопирлив растеж.
      Според податоците од најновиот попис на населението од 1981 година, Ерџелија има 262 домаќинства во кои што живеат 1079 жители, и според тоа, после општинскиот центар Свети Николе е најголемото населено место во општината. Според пописот од 1971 година Ерџелија имаше 1041 жител и се наоѓаше на третото место во општината после Свети Николе и Горобинци. Податок што зборува дека бројот на жителите во Ерџелија е мошне стабилен и успешно се бори против миграцијата село-град.
   Ерџелија денес во се е современа населба. Улиците се широки и осветлени, домовите нови, уредени, опремени со современи апарати и техника. Во селото има околу 200 телевизори, 90 автомобили, нема дом без радиоапарат. Среде селото е убавиот работнишки ресторант во кој пријатни мигови од своето слободно време поминуваат скоро сите жители на селото. Селото има и пошта која целосно неможе да ги задоволи нивните потреби па затоа наскоро ќе биде изградена нова, посовремена, со телефонска централа од 60 приклучоци. Амбулантата, во која работи постојано лекар и медицински сестри, е во нова и убава зграда и овозможува населението поскоро, и не отсуствувајќи од работното место, да ја прими неопходната лекарска помош. Доминантна во селото е училишната зграда која со својата големина и убавина е вистинско освежување на селото.
   Недалеку од училишната зграда е и фудбалското игралиште, спортски објект кој со својата убавина е единствен во Општината. Пензионерите најголемиот дел од своето слободно време го поминуваат во својот, пензионерски дом, сместен на десната страна на патот што води кон селото Мустафино. Младината, чиј број од ден на ден расте, има свое катче...

   Селото Ерџелија лежи на југоисточниот дел на Овче Поле, скоро на самиот раб на полето кое завршува со благи падинки и ниски ридови. Просечната надморска висина се движи околу 250 метри. Распослано во правец север-југ селото граничи со атарите на селата Мустафино и Буриловци на исток, Немањици и Свети Николе на север, Пеширово и Амзабегово на запад и Кадрифаково на југ.
   Населбата со општинскиот центар Свети Николе е поврзана со асфалтен пат, кој овозможува секојдневни автобуски врски. Посредно, преку истиот пат е поврзано и со магистралниот пат Титов Велес (денеска Велес) - Штип, и со железничката линија. Со асфалтен пат е поврзано и со селото Мустафино на исток, а со веќе излокан макадамски пат води кон југ, до селото Кадрифаково, каде се поврзува со патот Титов Велес - Штип. Со колски, земни патишта селото е поврзано и со останатите гранични села.
   Климата, како и во целиот Овчеполски регион е умерено континентална со благи упливи, преку Вардар, Брегалница, и Светиниколска река, на медитеранската. Зимите се суви и студени, летата врели и со малку дожд. Врнежите се мошне мали, годишно некаде околу 300 мм, и од тоа околу 240 мм паѓаат во периодот октомври - април, а 60 мм во периодот мај - септември. Конфигурацијата на теренот, слабата висока вегетација, променливиот воздушен притисок, условуваат често дување на силните северни и јужни ветрови и придонесуваат сушата да добие во големината на своите димензии. Поради тоа жителите на овој регион со векови се бореле против сушата која на земјоделието му нанесувала големи штети. Круната на нивната борба е изградбата на Брегалничкиот хидро систем со кој вечниот сон на жителите на целото Овче Поле стана стварност, а животот доби нови и поубави содржини.
   Атарот на селото Ерџелија е сиромашен со природни води - единствено, источно од селото, од кај селото Мустафино, поминува раката Азмак, која во атарот на селото Амзабегово се влива во Светиниколска река. Реката Азмак е сиромашна со вода и многу често преку летото пресушува.
   Во ритчестиот дел, на благиот северо-исток почвата ја сочинуваат плодната црница и делумно смолница, а во рамничарскиот дел ги има скоро сите елементи што се карактеристични за степското земјиште кое овде е познато под името „мера". Овде-онде се среќаваат солени, калливи и неплодни делови, таканаречени „герени".
   Вегетацијата е прилично скржава, особено онаа високата. По ослободувањето се правени и вештачки шумски појаси, главно од акации (багреми) и бадеми, но тоа општиот впечаток многу не го поправа. Во делот помеѓу селата Мустафино и Кадрифаково карактеристична е ливадската вегетација, а во реката Азмак вегетацијата од шамак и трска е карактеристична за за барските биоценози.
   Скржавата вегетација ја условила слабата застапеност на животинскиот свет, ситните видови на полезен и штетен дивеч и неколку видови на птици се малку за да може да се каже дека околу Ерџелија имаме богата фауна.
      НАПОМЕНА: Досегашниот текст е превземан од монографијата - Ерџелија, која е издадена 1981 година.


Се наоѓа во центарот на овчеполската рамнина, како географски така и инфраструктурно. .....
Одалеченоста од околните градови е следната: од Свети Николе 10 км, од Штип 18 км, од Велес 25 км, од Куманово 55 км, ....
Во Ерџелија постои и функционира централно основно училиште кое го посетуваат и ученици од соседните населени места, Кадрифаково, Мустафино, Пеширево, Амзабегово. ......
Ерџелија според составот на населението, предстаува мултиетничка средина. Застапени се Македонци, Власи, Срби ...........
Населението во Ерџелија претежно се занимава со земјоделска дејност. ....
...........
Copyright MyCorp © 2024
Барај
главен спонзор
Reklamne jelkice za kola
рекламен простор
рекламен простор
последни измени
  • 09.04.2010 Спорт
  • 09.04.2010 Културен живот
  • 17.04.2010 Ерџелија денес
  • 23.04.2010 Статии и линкови
  • 23.04.2010 Фото албум
  • Наша анкета
    Оценете ја нашата страна

    Вкупно одговори: 20
    Make a free website with uCoz