Четврток, 28.03.2024, 16:43:46
Добродојдовте во Ерџелија
Почетна Регистрација Пријави се
Добредојде, Гост · RSS
Мапа на страната
Пријави се
Radio STIP
Listen Macedonia Radio Stip Radio Online
За корисниците
Денес не посетија: Вкупно регистрирани корисници: 23
Денеска: 0
Вчера: 0
Последните 7 дена: 0
Последните 30 дена: 0
бројач на посети
free counters
Статистика

Вкупно на линија: 1
Гости: 1
Корисници: 0
 Културен живот
   „За некои поорганизирани форми на културниот живот во Ерџелија може да се зборува дури по ослободувањето, иако и во периодот пред почетокот на Втората светска војна имаме најразлични форми и содржини (игранки пред се) кои можат да се врамат во областа на културата.
   По ослободувањето на нашата земја се започна и една голема општествена акција за културно развивање на нашето село. Таа најде свој одраз и во Ерџелија. Беа формирани неколку дилетантски групи кои подготвуваа разни едночинки, таканаречени скечеви, со кои настапуваа пред месното население, а често одеа и во блиските населени места. Содржината најчесто беше од НОВ или комична и разбирлива на луѓето, а учесниците беа главно младинци и младинки или учесници од основното училиште. Истовремено беа организирани разни игранки, помали смотри на фолклорот, натпревари во пеење. Некаде во шеесетите години направен е и обид да се формира културно-уметничко друштво, но тоа немајќи погодни услови не опстана долго. Истовремено почнаа да се даваат и кино представи кои во тој период беа вистинско освежување за населението.
   Денес културниот живот се одвива главно на две места: во рамките на основното училиште и во младинската сала. Носители во првиот случај се учениците и наставниците од училиштето, а во вториот пред се младинците.
   Како резултат на потребата за организиран културно-забавен живот во Март 1978 година група млади ентузијасти и заљубеници во народниот фолклор од Ерџелија го формираат културно-уметничкото друштво „Овче Поле". Во него влегоа ученици, студенти и работничката младина кои секое попладне го поминуваат со звуците на народните музички инструменти. Нивниот број во почетокот беше 20, а денес е двојно повеќе. Се негува изворниот, овчеполски мелос.
   Уште во првата година од постоењето друштвото забележа неколку успеси. Во 1978 и 1979 година учествуваше на Илинденскиот фестивал во Битола, учествуваше на СРИЗ во 1978 година во Тетово, а во 1980 година беше гостин на Сојузната работна акција „Палиќ '80" во СР Србија. При тоа сите негови настапи беа примени со воодушевување од публиката и високо оценети од стручњаците. Истовремено, од 1978 до крајот на 1980 година, друштвото има приредено околу 40 концерти во општините Штип, Струмица, Титов Велес, Радовиш, Кочани и нашата општина.
   Младинскиот дом истовремено е место каде што неколку пати во неделата се даваат филмови, гостуваат реномирани естрадни уметници, се даваат драмски представи, гостуваат хорови и се приредуваат ликовни изложби. Впрочем, богатиот културно-забавен живот беше една од главните причини што ТВ Скопје реши една од своите емисии на „Знаење-имање" да реализира токму во Ерџелија."
   НАПОМЕНА: Целиот текст е превземан од монографијата - Ерџелија, која е издадена 1981 година.
Copyright MyCorp © 2024
Барај
главен спонзор
Reklamne jelkice za kola
рекламен простор
рекламен простор
последни измени
  • 09.04.2010 Спорт
  • 09.04.2010 Културен живот
  • 17.04.2010 Ерџелија денес
  • 23.04.2010 Статии и линкови
  • 23.04.2010 Фото албум
  • Наша анкета
    Оценете ја нашата страна

    Вкупно одговори: 20
    Make a free website with uCoz