Сабота, 20.04.2024, 01:45:11
Добродојдовте во Ерџелија
Почетна Регистрација Пријави се
Добредојде, Гост · RSS
Мапа на страната
Пријави се
Radio STIP
Listen Macedonia Radio Stip Radio Online
За корисниците
Денес не посетија: Вкупно регистрирани корисници: 23
Денеска: 0
Вчера: 0
Последните 7 дена: 0
Последните 30 дена: 0
бројач на посети
free counters
Статистика

Вкупно на линија: 1
Гости: 1
Корисници: 0
 Ерџелија низ историјата
   Следниот текст е превземан од монографијата - Ерџелија, која е издадена 1981 година.

   Историското минато на Ерџелија е мошне малку проучувано и затоа за него малку се знае. Меѓутоа, погрешно би било ако се тврди дека Ерџелија е населба со свое сиромашно минато и дека била поштедувана од настаните и катаклизмите што го потресувале светото и Македонија и овој регион посебно. Ерџелија низ вековите била вистинска арена на бурни настани - потребно е само да се нурне во нејзиното минато. Погрешно би било, се разбира, и доколку судбината на Ерџелија низ долгата низа векови ја гледаме изолирано - таа секогаш била во тесна врска со настаните и состојбите карактеристични за овој регион и за Македонија, и пошироко.
   Најголемиот дел од историјата на Ерџелија се избришал пред немилосрдниот налет на времињата и во тој случај можеме да се служиме само со претпоставки, но имаме и делови кои со своите содржини, или со наоди и пишани податоци, му одолеале на заборавот што го носи времето и за нив може да се зборува поконкретно.
 
НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА

   Добрата положба
и плодната земја биле предизвик уште во најстарите времиња од човековата историја луѓето да го населуваат атарот на денешна Ерџелија. Најстарите траги за постоењето на праисториските населби допираат до периодот на младото камено време - неолитот.
   Од рекогсцирањето на теренот околу Ерџелија, што во 1980 година го изврши археолошка екипа (Екипата ја сочинуваа Милан Ивановски, Дафина Каламадевска и Стефан Данев
) во локалитетот „Буниште" откри површински наоди на керамика и камен градежен материјал, карактеристични за овој период од човековата праисторија.
   Животот во оваа населба, во секој случај (за што постојат и одредени индикации) мора да се поврзе со веќе доволно истражените праисториски населби во Барутница кај селото Амзабегово и во месноста Руг Баир кај селото Горобинци.
   Жителите на неолитската населба целосно ги користеле благодетите што ги нудела богатата и плодна рамница, а секако за формирање на населбата влијаеле и близината на природни извори вода, кои во овој период биле, најверојатно, во многу поголема бројка. Населението се занимавало со земјоделие, обработување на земјата и со чување стока. Иако со рекогсцирањето не се откриени орудија со кои се обработувала земјата, можеме слободно да претпоставиме дека таа се обработувала многу примитивно, со орудија главно изработени од камен и коска. Со земјоделието се занимавале жените, со сточарството мажите. Значаен дел од стопанисувањето биле ловот и риболовот. Секако неолитскиот човек во овој регион ловел ситен дивеч, но и покрај тоа ловот претставувал значаен дел од нивната борба за обезбедување храна. Ако ја прифатиме горе изнесената претпоставка дека местото околу локалитетот било богато со води, мораме да се сложиме и со констатацијата дека риболовот бил една од главните преокупации на неолитскиот човек што во тој момент живеел на оваа територија.
   Животот во оваа населба течел континуирано и во бронзеното и железното време, за тоа постојат докази, но од она што го знаеме сосема е недоволно да се реконструира, и се неопходни подетални и посестрани истражувања.
   Најстари жители биле Илирите, кои инаку живееле на целиот Балкан, кои тука се задржале и во античкиот период, за конечно да се асимилираат со доаѓањето на Словените.

АНТИКА И СРЕДЕН ВЕК

   Животот во месноста „Буниште" не се згаснал и ви времето на античкиот период. За ова сведочат и големиот број хеленистичка и римска керамика, како и големите количини расфрлан градежен материјал, камен, имбрицеси и тегули. Наоди кои сведочат за постоењето на оваа античка населба имаме и во месноста „Костена чука", која се наоѓа северно, спротивно на „Буниште". Тука површински се видливи водоводни цевки - тулумуси со кои, најверојатно, се доведувала водата до „Буниште".
   Изгледа посебна античка населба на атарот на село Ерџелија имало во месноста „Крушка". „Крушка" е во непосредна близина на „Буниште" па затоа може да се прифати и претпоставката дека тоа било една населба од поголем тип. Која претпоставка е точна треба да кажат натамошните истражувања.
   Жителите на овој дел од Овче Поле во се ја делеле судбината на останатите македонски словени во оваа област на Македонија. Како дел од крвавата и несреќна македонска арена влегувале најпрвин во состав на Самоиловата држава, а потоа, по оној трагичен пораз на Беласица, 1014 година паднале под власта на Византија, потоа, во состав на српската држава на Душан Силни и едно време да живуркаат врз нејзините урнатини, за конечно да паднат под турско ропство.

ЕРЏЕЛИЈА ПОД ТУРСКО РОПСТВО

   Во првите години на своето владеење Турците не се населувале во Овче Поле, но тоа не значи дека неговите жители биле поштедени од турските зулуми и пакосувања.
   Постанокот на денешното село Ерџелија е дирекно поврзан со доаѓањето на турците, кои најверојатно, словенската населба до темел ја уништиле со своето доаѓање. Привлечени од богатите ливади, плодноста на полето и убавата и јадра стока, турците формирале цвоја населба на местото каде што денес се наоѓа стариот дел на селото. На селото му дале име Ерели, подоцна Ергелија, па Ерџелија, што значи место погодно за чување коњи. Коњите во средниот век, особено кај турците, имале голема стратешка и тактичка улога во војската.
   Кога точно Ерџелија било формирано како турска населба тешко е да се каже. Бо турските пописни тефтери името Ерџелија се спомнува во втората половина на 18 век. Бројот на првите христијански жители во селото бил околу десетина. Ерџелија од формирањето па до средината на 19 век била турски чифик. Во чифликот влегувале и селата Мустафа Оба (Мустафино), Немањици и Макреш. Последен управувач на чифлокот бил некој Ибраим бег кој управувал се до пропаѓањето на чифлигарскиот систем кон средината на 19 век.
  
Copyright MyCorp © 2024
Барај
главен спонзор
Reklamne jelkice za kola
рекламен простор
рекламен простор
последни измени
  • 09.04.2010 Спорт
  • 09.04.2010 Културен живот
  • 17.04.2010 Ерџелија денес
  • 23.04.2010 Статии и линкови
  • 23.04.2010 Фото албум
  • Наша анкета
    Оценете ја нашата страна

    Вкупно одговори: 20
    Make a free website with uCoz