Следниот текст е превземан од
монографијата - Ерџелија, која е издадена 1981 година.
Првите податоци за организираното воспитување и образование не населението од Ерџџелија датираат од некаде 1925 година кога за прв пат во оваа село било отворено училиште кое ги опфаќало учениците од 1 до 4 одделение. Во училиштето кое, патем да спомнеме, работело во тешки просторни услови, главно се описменувало населението и се давале извесни знаења од природата и општеството. Одзивот на учениците најчесто не бил на задоволувачко ниво бидејќи родителите најчесто ги ангажирале децата во извршување на полските работи и чување на говеда, не грижејќи се за тоа какво значење во животот на човекот е писменоста. Заради тоа, иако училиштето се до почетокот на Народноослободителната војна работело непрекинато, голем број од населението останало неписмено.
Наставата се изведувала вербално, без нагледни средства и можност за посистематско реализирање. Јазикот бил оној на кој што говореле поробувачите на Македонија, во случајот српски и бугарски. Училиштето било како најпогодно средство за спроведување на нивните националистички идеи и секогаш во него одредувале за учители проверени големосрби, односно големобугари.
........
Број на ученици во О.У. „Даме Груев" Ерџелија, како и во училиштата кои припаѓаат кон ова основно училиште. Податоците се од 2008 година.

О.У. „Даме Груев" Ерџелија Одделение |
Број на паралелки |
Број на ученици |
1 одделение (нова програма) |
1 |
10 |
1 одделение (стара програма) |
1 |
13 |
2 одделение |
1 |
14 |
3 одделение |
1 |
11 |
4 одделение |
1 |
11 |
5 одделение |
2 |
35 |
6 одделение |
1 |
16 |
7 одделение |
2 |
37 |
8 одделение |
1 |
29 |
Вкупно | 11 | 176 |